Советот за унапредување на високото образование има три приоритетни цели, кои се состојат во развивање и унапредување на три програми: програма „Скопје“ – која нуди едукативни и други настани кои се реализираат преку Клубот на менаџери - претприемачи во рамки накомората; програма „Охрид“ – која нуди едукативни и други настани кои ќе се реализираат преку воспоставување Школа на бизнис-лидери преку програми на менторство и програма „Дојран“ – која нуди едукативни и други настани кои ќе се реализираат преку воспоставување Школа за продуцирање кадри за извозот, со крајна цел формирање Институт за извоз.
За претседател на Советот за унапредување на високото образование е избран д-р Глигор Бишев, Шпаркасе банка Македонија АД Скопје, додека за потпретседател на Советот е избран проф. д-р Горан Петрески, Економски факултет, УКИМ Скопје.
Советот за унапредување на високото образование во својата агенда на активности постави реализација на задачи поврзани со организирање и поттикнување соодветни облици за континуирано функционално образование и иновација на знаењата на раководните кадри, како и на другите стручни кадри и професионална надградба на стекнатите знаења преку организирање стручно оспособување - обуки, семинари, работилници и други начини на едукација.
Советот преку соработката со домашните и странски институции има главна цел освен развој и промоција на едукативните настани во трите програми одделно да ја поттикнува имплементацијата на европските правила и стандарди и перманентното функционално образование и иновација на знаењата на високообразовните кадри со главна цел преку воспоставување Школата за продуцирање кадри за извоз да формира Институт за извоз.