Стопанска комора со поддршка од институциите за зголемување на лидерските вештини

Заради ефикасно остварување на специфичните интереси на приватниот сектор во насока на унапредување на компетенциите и вештините на високообразовните кадри во согласност со потребите на бизнисот, во Стопанската комора на Северна Македонија, веќе функционира Совет за унапредување на високото образование, посочуваат од Стопанската комора.

Овој Совет има три приоритетни цели кои се состојат во развивање и унапредување на три програми: Клуб на менаџери-претприемништво и лидерство – со едукативни и други настани кои ќе се реализираат преку воспоставување Школо на бизнис -лидери (почеток 25 ноември 2021 година); Развој на мали и средни бизниси и старт ап бизниси – со едукативни и други настани кои ќе се реализираат преку воспоставување Модул за развој на мали и средни бизниси како и Модул за развој на старт ап бизниси (почеток 10 декември 2021 година) и Институт за извоз – со едукативни и други настани кои ќе се реализираат преку воспоставување Школо за продуцирање кадри за зголемување на извозот, со крајна цел формирање Институт за извоз (Изработка на студија за извоз, Платформа за извоз и почеток со Модулот за зголемување на вештините за извоз од 1 Ноември 2022 година).

Во насока на давање на институционална поддршка за активностите во рамките на трите програми одделно, кои Советот ги има зацртано за остварување во следниот период, во Стопанската комора на 18 октомври 2021 година се формираше координативен тим составен од следните претставници: Бранко Азески, претседател на Стопанска комора (СКСМ), Фатмир Битиќи, заменик-претседател на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Бесими, mинистер за финансии, Анита Ангеловска Бежоска, гувернер, Народна банка, академик Абдулменах Беџети, Југоисточно-Европски универзитет Тетово, академик Таки Фити, Македонска академија на науките и уметностите, Кочо Анѓушев, претседател на Управниот одбор на Брако Групација, Ристо Јаневски, директор на стратешко планирање и развој, ОКТА АД Скопје, Боријан Борозанов, извршен директор на Џонсон Мети, Арбен Абдурахмани, генерален директор на Везе Шари Тетово, Јелисавета Георгиева Јовевска, потпретседател на Стопанската комора на Северна Македонија, Јадранка Аризанковска, менаџер во Стопанската комора и Анета Димовска, менаџер во Стопанската комора. 

Претседател на координативниот тим е претседателот на Советот д-р Глигор Бишев го нагласи следново: „Со овој концепт на функционирање на Советот за унапредување на високото образование му помагаме на стопанството, и овој модел, не е замена за високото формално образование, туку со него ќе се настојува преку практична настава да се создаваат лидери, да се зголемат вештините за водење на бизнис и за прв пат, ваквиот концепт ги вклучува старт ап-ите кои ќе се поддржуваат не само преку учење на вештини, туку и преку финансирање на добри идеи кои ќе бидат поврзани со форуми на инвеститори (преку финансирање од домашни и меѓународни институции). Оттука, со реализација на сите програмски содржини, веруваме дека овој Совет ќе придонесе во зголемување на конкурентноста, ефикасноста, вработувањето и обезбедување поголем економски раст во Република Северна Македонија“.

Како што соопшти Стопанската комора на состанокот членовите на координативниот тим дале целосна поддршка на активностите кои се во насока на унапредување на вештините и компетенциите во согласност со потребите на приватниот сектор. Преку тоа, како што посочуваат, ќе се помогне во зголемување на знаењата на кадарот во македонските компании за предизвиците што ги носи глобалната конкуренција и новите технологии.

„Ова претставува практична програма која вклучува и менторство, која во фокусот ќе ги има развојот на менаџерските вештини и корпоративните вредности на компаниите. Со тоа Комората и институциите ќе дадат придонес за развој на најбитниот фактор за раст и успешна работа на компаниите, а тоа е човечкиот фактор, иновациите, и новите технологии“, се вели во соопштението.

Фатмир Битиќи, заменик-претседател на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции нагласи дека програмата на Советот во делот за развој на старт ап-ите, претставува надополнување на формираниот Национален совет за старт ап-и при Владата чија цел, како што рече, е размена на идеи, креирање на политики и создавање клима која ќе поддржува развој, иновативност, креативност и успех на новите бизнис идеи.

„Силно верувам и во поттикнување на старт ап-ите и новите иновативни компании. Клучен фактор во овој процес е образованието“, рече Битиќи.

Министерот за финансии Фатмир Бесими рече дека Советот за високо образование при Стопанската комора доаѓа во пресрет на големиот јубилеј на Комората.

„Оваа иницијатива потекнува од искуството, од капацитетот кој Комората го има и од самите членки. Додадената вредност на оваа Програма која ќе се имплементира во следниот период се гледа во значајноста на човечкиот капитал во поттикнување на конкурентноста и создавање раст на економијата, континуирана надградба на знаењата преку искуство и креативност на пристапот на учење и стекнување со вештини кои ќе бидат овозможени преку Советот“, рече Бесими.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе