среда, 24 април 2024

Во Куманово на три гласачки места не се гласало, ДИК допрва ќе одлучува за ова

На три избирачки места во Куманово не е почнато гласањето во првиот круг за претседателските избори, затоа што на две места не работеле УБИГ – уредите за биометриска идентификација, а на едно недостасувал печатот.

Објавено на

часот

Сподели

Се работи за избирачки места во гимназијата „Гоце Делчев“ и во селата Брзак и Умин Дол.

„Утринава во Куманово отворени беа 164 од 167 избирачки места. Три не се отворени. На избирачкото место 1.075 УБИГ апаратот не беше во функција подолго од три часа и покрај сите обиди да се донесат нови. Истото се случи и на гласачкото место 1.100. Во избирачкото место 1.090 изгубен е печатот“, изјави Елизабета Стојковска, претседателка на Општинската изборна комисија.

На сите три места не е продолжено гласањето и веројатно ќе биде повторено.

Вечерва ќе одлучуваме за овој проблем и ќе постапиме по закон, изјави Александар Даштевски, претседателот на Државната изборна комисија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ