ССМ: Владата нема слух за потребите на граѓаните и работниците

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) смета дека Владата нема слух за потребите на граѓаните и работниците, во услови на криза не презема мерки и „без оправдани причини не овозможи зголемување на платите, односно нивно усогласување со минималната плата“.

Владата, велат од ССМ, ги остава работниците и граѓаните сами да се снаоѓаат како знаат и умеат во услови на пост-ковид, економска, енергетска и воена криза со која се соочуваат. Во изминатиот период, според Синдикатот, Владата немала слух за потребите на нејзините работници и граѓани и наместо со навремени и таргетирани мерки, наместо со зголемување на плата да влијае директно на стандардот на работниците и граѓаните, таа, како што нагласуваат од ССМ, одбива да ги зголеми односно усогласи платите на нејзините вработени и во оваа економска и енергетска криза ги остава на работ на егзистенцијата.
„Претставниците на Владата од нивните удобни фотелји во климатизираните кабинети гледаат розов свет, за разлика од работниците кои и покрај тоа што работат од ден на ден се сѐ посиромашни поради тоа што инфлацијата изнесува 14,5 отсто, синдикалната минимална кошница за една година е зголемена за 5.498,00 денари односно за 16 отсто, разликата меѓу просечната нето-плата и синдикалната кошница во 2022 година е 7.384 денари, цената на лебот за 1 година е зголемена за повеќе од 100 проценти, на маслото за јадење за 94 проценти, на горивата за 64,5 проценти, не електричната енергија за 9,4 проценти, на гасот за 64,6 отсто, а не е намалена на ниту еден производ или енергенс“, реагираат од ССМ. 
Работниците работат, нагласуваат од Синдикатот, а се сиромашни и не можат да си ги прехранат семејствата. Тие работат, велат од ССМ, но никој не им го цени трудот.

„Додека државната каса се полни од даноците кои поради зголемените цени се слеваат во државната каса, работниците и граѓаните се мачат да излезат на крај со енормното поскапување, а зимата уште не е ни блиску. Без постоење на реални и оправдани причини, Владата постапува спротивно на Уставот во кои е уредена обврската за почитување на правото и законите и целосно функционирање на правната држава, Владата не постапува согласно Законот за минимална плата, другите закони и владеењето на правото и не обезбеди зголемување односно усогласување на платите за најмалку 2.806 денари на сите вработени во јавниот сектор и на тој начин да го амортизира ударот од ценовните шокови кои ги доживуваат работниците секојдневно“, се вели во денешната реакција од ССМ.

 

 

 

 

 

 

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе