Реакција

ССМ: Недела работен ден во туристичките места е трговија на Бектеши со работничките права

„Министерот кој на 2 јануари се фалеше дека недела неработен ден е реалност, на 27 јуни се фали дека сите трговци во туристичките дестинации ќе работат во недела. Трговците можеа и до сега да работат но самите, а на министерот очигледно не му се допаѓа тоа па сега работниците ќе им работат на трговците. Министерот за економија тргува со човечки судбини, па прашуваме дали на работниците им е потребен министер трговец како него“, се вели во реакцијата на ССМ откако вчера Собранието одобри во туристичките места недела да биде работен ден.

„ССМ со право, уште на самиот почеток на процесот на уредување на недела како ден на неделен одмор укажуваше дека ова право во никој случај не смее да се регулира со друг закон освен со Законот за работните односи и дека во тој случај му се дава можност на еден министер со потпис да одлучува за судбината на работниците, што по 6 месеци се покажа како точно, иако во тој период од министрите бевме убедувани дека тоа нема да биде случај“, реагира Сојузот на синдикати на Македонија.

Министерот кој на 2 јануари се фалеше дека недела неработен ден е реалност, на 27 јуни се фали дека сите трговци во туристичките дестинации ќе работат во недела, потсетува ССМ и додава дека трговците можеа и до сега да работат но самите.

„Но на министерот очигледно не му се допаѓа тоа па сега работниците ќе им работат на трговците. Министерот за економија тргува со човечки судбини, па прашуваме дали на работниците им е потребен министер трговец како него. Истовремено, потсетуваме дека овластен предлагач на Законот била пратеничката Жаклина Лазаревска, истата пратеничка која за амандманот на ССМ од говорница викаше дека на работниците лесно можеле да им дадат 2.806 денари, ама не сакале да им дадат да не ги расипат од многу пари“, пишува во реакцијата.

ССМ порачува дека работниците мора да се запрашаат на кого го даваат својот глас на избори, ако знаат дека сите пратеници сложно се против работниците.

„Работникот памти и ќе врати!!!“, порачува на крајот ССМ.

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе