Ако не се исполнат барањата

ССМ најави генерален штрајк на 22 јуни

Доколку до 21 јуни не се исполнат поднесените барања Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) на 22 јуни ќе организира генерален штрајк, одлучиле претседателството и Советот на ССМ на денешните седници.  

„Претседателството на Сојузот на синдикати на Македонија донесе одлука за повикување и поведување на генерален штрајк во јавниот сектор доколку не се исполнат барањата за потпишување на општиот колективен договор каде што ќе се утврди линеарно зголемување од 2.806 денари за сите работници во јавниот сектор и враќање на изгубеното право регрес од 2023 година во износ од 30 до 100 проценти од просечната плата во државата. Доколу овие барања не се исполнат до 21 јуни, на 22 јуни ССМ таму каде што е синдикално организиран ќе ги повика сите членови, но и останатите незадоволни работници да ги прекинат работните процеси и да изразат големо незадоволство, односно да направиме генерален штрајк“, рече претседателот на ССМ Дарко Димовски.

Тој потсети дека согласно законот за минимални плати, со порастот на минималната плата треба да се усогласат сите останати плати.

„Ние сме опримисти и очекуваме нашиот социјален партнер, Владата, сериозно да ја сфати работата бидејќи ССМ ова го бараше уште од први мај на што беше реагирано дека исполнување на барањето може да се случи само со ребаланс на Буџетот и со утврдување на паричните средства во законот за извршување на Буџет. Износот кој го бараме не е голем туку солидарен за да се издржат ценовните шокови настанати поради инфлацијата“, додаде Димовски.

Синдикатот бараше средба со премиерот, вицепремиерот за економски прашања и со министрите за финансии и за труд и социјална политика откако по презентирањето на ребалансот на Буџетот видоа дека не се планирани средства за покачување на платите, иако тоа им било ветено за време на преговорите.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе