ССМ ќе бара оставка од пратениците кои ќе гласаат против амандманот за зголемување на платите

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) од денешниот протест пред Собранието најави дека ќе се бара оставка од пратениците кои нема да гласаат за амандманот за линеарно покачување на платите од 2.806 денари.

„Јавно ќе бараме оставка од тие пратеници кои што во Комисијата за финансирање и буџет ќе дигнат рака за ‘не‘ на работниците. Работникот денеска очекува да го изгласате амандманот за линеарно покачување на платите од 2.806 денари. Доколку не се случи тоа јавно со име и презиме ќе ги објавиме имињата на сите пратеници“, изјави претседателот на ССМ, Дарко Димовски од пред Собранието.

Тој од протестот апелираше до Собранието без проблеми да му се помогне на работникот и да се изгласа амандманот поднесен од Сојузот на синдикати на Македонија.

„Ние продолжуваме со штрајкот. Ние денес бараме пари за леб, за плаќање на сметки и за издржување на семејствата. Секој ден ќе излегуваме рамо до рамо со работниците на улица“, рече Димовски и додаде дека преговараат со 5 општини и 12 комунални претпријатија за линеарно зголемување на платите.

ССМ денеска постави 14 столчиња во знак на поддршка на членовите на Комисијата за финансирање и буџет за да го изгласаат амандманот со кој се бараат средства во ребалансот на Буџетот за линеарна исплата на 2.806 денари во нето износ за вработените во јавниот сектор.

Генералниот штрајк во јавниот сектор почна на 22 јуни со барања за линеарно зголемување на платите за 2.806 денари во нето износ за сите вработени согласно зголемувањето на минималната плата, потпишување на Општиот колективниот договор и исплата на К-15. На првиот ден од штрајкот беа поставени 120 столчиња пред Собранието, а на вториот ден 21 столче пред Владата. Во изминатите денови столчиња беа поставени и пред министерствата за финансии и за труд и социјална политика. Синдикалните претставници во понеделникот три часа го блокираа и влезот на Скопје кај Автокоманда.

Штрајкот уследи откако не беше постигнат договор меѓу синдикатот и Владата. Синдикатот останува на ставот за линеарно зголемување на платите, додека од Владата велат дека треба да се најде системско решение за раст на платите, а не да се прифаќаат ад хок решенија.

 

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе