„Ветив дека ќе направиме сѐ и дека ќе работиме секојдневно за никој да не мора сам да се справува со оваа криза. Струја, енергенси и храна мора да има за сите. Токму затоа, по интензивна комуникација со колешката, премиерка на Србија Ана Брбаниќ, официјален Белград реши да ја изземе Северна Македонија од забраната за извоз на природен гас, напиша Ковачевски на „Фејсбук".
Посочува дека преку политиките на добрососедство, тесната соработка во рамки на Отворен Балкан и преку партнерскиот однос, обезбедена е поддршка онаму каде најмногу треба, односно компресиран гас за училиштата и болниците во многу градови низ земјата.