По најавените законски измени

Спортските обложувалници предупредуваат дека 8.000 вработени може да останат на улица

Асоцијацијата на спортски обложувалници смета дека најавените измени и дополнувањата на Законот за игри на среќа и забавни игри ќе доведат до целосно затворање на индустријата, губење на илјадници работни места и огромни загуби за државниот буџет.

„Ставот на АСОМ по однос на измените за одалечување на деловните објекти е целосно неприфатлив и на истиот силно се спротивставуваме. Растојанието од 500 метри оддалеченост на нашите деловни објекти од училишта и високообразовни институции, според анализите кои ги направивме, значи затворање на 98% од уплатно-исплатните места, односно гасење на цела индустриска гранка. Со ова, директно се загрозува егзистенцијата на речиси 8.000 семејства, односно 8.000 вработени во индустријата на игрите на среќа кои преку ноќ ќе ја изгубат работата. Негативни последици ќе има и врз повеќе од 50.000 работни места во други стопански гранки, кои индиректно зависат од нашата работа“, изјави денеска Васко Илијевски, претседател на АСОМ.

Од Асоцијацијата предупредуваат дека ваквото законско решение широко ќе го отвори патот на сивата економија и нелегалното обложување. „Нејасно е дали Владата сака од целосно регулиран пазар кој сега го имаме, да направи нерегулиран бидејќи ефектот од законот ќе биде токму тој. Затворањето на спортските обложувалници нема да го запре обложувањето. Играчите ќе бараат алтернативни начини, а обложувањето ќе се префли на нелегални локации. Така државата ќе нема контрола ниту врз средствата, ниту врз безбедноста на играчите и малолетниците“, сметаат од Асоцијацијата.

Исто така, велат од АСОМ, со ваквиот закон се одзема стекнатото деловно право на компаниите кои имаат важечки лиценци за постоечките објекти и предупредуваат дека ќе има сериозни домашни и меѓународни правни импликации доколку се скрати ова право на компаниите.

Во однос на предлогот за зголемување на давачките, АСОМ потенцира дека приредувачите во Македонија и сега плаќаат највисоки даноци во Европа, а наведената причина за нивно зголемување е целосно контрадикторна со оддалечувањето на објектите.

„Зголемувањето на ионака, највисоките даноци во Европа кои и сега ги плаќаме, а со цел како што се наведува зголемување на средства во буџетот, воопшто не кореспондира со предлогот за оддалеченоста. Ако ние ставиме клуч на врата на нашите објекти, државата ризикува да ги изгуби сите средства со кои индустријата на игри на среќа и сега придонесува во државниот буџет, а тое се повеќе од 250 милиони евра по сите основи на работењето. Зошто се покачуваат даноци, ако практично планот е да се затворат објектите и кој би бил економскиот ефект од тоа. Сметаме дека предлог законот е направен без никакви економски и пазарни анализи и дека ќе има многу сериозни импликации врз државната економија, која ионака е силно погодена и дестабилизирана од ковид кризата“, вели Илијевски и ги повикува Владата и Министерството за финансии сериозно да размислат дали ваков закон оди во прилог на јакнење на кревката економија и намалување на стапката на невработеност. 

„Бараме стопирање на целиот процес на носење предлог закон и вклучување на сите засегнати страни во подготовка на нов предлог закон и транспарентна дискусија што и доликува на земја со европски аспирации“, заклучи Илијевски.

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе