Скопски Водовод пред штрајк, разрешување на директорот побара лидерот на ССМ

Нема да дозолиме изживување врз работниците во скопски Водовод, од нив да се бара извршување на задачи за кои не се вработени ниту платени, изјави претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) Дарко Димовски. Тој нагласи дека на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска и на Советот на Градот им се даваат три дена за одлука за разрешување на в.д директорот, во спротивно најверојатно ќе следува штрајк. „Да не се дозволи незадоволните работници Скопје да го остават без вода, како што беше без градски превоз“, предупреди синдикалниот лидер.

„Не може хидроинженери да се испраќаат на работа во чуварски куќички, не може ниту возачи на специјални возила да седат во базата наместо да ја вршат својата работа само затоа што не му се допаѓаат на директорот. Како репрезентативен синдикат за комунални дејности при ССМ случајот го пријавивме до Државниот управен инспекторат како и во Трудовиот инспекторат. Според известувањата и решенијата добиени оттаму, јасно е посочено дека директорот Марјан Митовски работи противзаконски и дека ги крши работничките права. Добиените документи ги доставивме до тој директор, но наместо да постапи и да ги врати работниците на соодветните работни места, тој ги игнорира решенијата, рече Димовски.

Исто така, според нивните изјави, има и извршни судски решенија кои ги добиле вработените да се вратат на работа, но директорот не ги враќа.

Ако сака да врши рационализација во претпријатието, нека повели Митовски, нека рационализира со неговите два шефа на кабинет, порача Димовски и постави прашање:

„Кој има директор за технички, па директор извршен, па ваков, таков директор. Што е тој? Па тој е тој извршен директор. Имаме измислени директорски места и се ставаат негови луѓе, а луѓето што ја извршуваат таа должност се задолжуваат со задолженија".

На прес – конференцијата пред зградата на ЈП „Водовод и канализација", Димовски рече дека имале средба со раководството на претпријатието, но дека таа завршила без ефект.

„Неговата директорка по правни прашања го советуваше дека ова што го прави е исправно, иако убаво е напишано дека е неисправно за вчера пак, вработените да добијат пораки да не подлегнуваат на 'индокринацијата' од таканаречените заштитиници на човекови права, во спротивно раководството ќе биде принудено да донесе нова систематизација со рационализација на работните места“, рече лидерот на ССМ Димовски.

Инаку, Митовски на челната позиција во Водовод беше поставен на 13 септември годинава, по разрешувањето на претходниот од страна на градоначалничката Арсовска во врска со кредитот на ЕБОР за пречистителна станица. Потоа следуваа и други оставки или разрешувања на кадри на ВМРО-ДПМНЕ и раскин на коалицијата меѓу таа партијата и градоначалничката.

Почнавме со спротивставени мислења околу Законот за работни односи, со кој недела се прогласува за неработен ден. Завршивме на Уставен суд.

повеќе

Да ги споменеме и другите големи глобални предизвици: големите опасности од еколошка катастрофа; зголемувањето на нееднаквоста во нашите општества; и напливот на нови технологии кои можат да го нарушат светот доколку истите не бидат соодветно користени и контролирани.

повеќе

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе