Скопје 3, нова високотехнолошка економска развојна зона

Технолошко индустриска развојна зона – ТИРЗ, денеска ја презентираше новата економска развојна зона – Скопје 3, а директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски изјави дека таа ќе има нов концепт на работење со целосен фокус на високите технологии.

„Целта, и тоа студијата го покажа, е да генерираме инвестиции некаде над 850 милиони евра во наредните десет години, целта е секако да донесеме компании или да развиваме компании коишто ќе се фокусираат исклучиво на високи технологии, и целта е нормално не само да генерираме високи приходи за луѓето коишто ќе бидат таму ангажирани, а станува збор за некаде помеѓу 4.500 и 5.500 млади луѓе коишто се очекува да бидат ангажирани во рамки на овие капацитети, туку да генерираме приходи за сите наши сограѓани преку платите во буџетот“, рече Деспотовски на денешната прес-конференција.

Тој додаде дека целта на новата технолошко индустриска развојна зона е на една површина од приближно 45 хектари во близина на главниот град паметно да се искористат ресурсите со коишто располага државата, односно младите луѓе и интелектуалниот капацитет, за коишто вели дека неспорно постојат.

„Наша цел, и тоа го поставивме уште од почетокот на овој мандат, тоа е придобивките од технолошко индустриските развојни зони да не бидат достапни само за странските компании, да не бидат достапни само за вработените во тие компании, да бидат достапни за еден широк круг на граѓани на нашата држава. Токму преку овој концепт денес се отвора едно ново поглавје, односно нова приказна во економскиот развој на нашата држава, а тоа исклучив фокус на зоната со високи технологии“, рече Деспотовски.

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе