Сѐ повеќе се користат картичките, е-трансакции и плаќањата со мобилен телефон, анализира Народната банка

Бројот на трансакции извршени во земјата со платежни картички издадени кај нас пораснал за 15,8% на годишно ниво, додека вредноста на извршените трансакции пораснала за 13,2%. Забележан е годишен раст на бројот на плаќањата со платежни картички на физичките места на продажба за 19,5%, како и годишен раст од 8,7% на виртуелните (интернет) продажни места. Во пораст е особено плаќањето преку мобилен телефон. Ова се согледувања на Народната банка направени во однос на тековите од првиот квартал годинава.

Кај кредитните трансфери, исто така, забележан е годишен раст, како кај бројот на трансакции, така и кај вредноста. Во првиот квартал од 2022 година, граѓаните извршиле 17% повеќе плаќања преку кредитни трансфери, додека вредноста на трансакциите била повисока за 28,6%, велат од Банката.

„Електронското банкарство и неговата употреба при иницирањето на кредитните трансфери, продолжува да расте и во првиот квартал од 2022 година. Електронски иницираните кредитни трансфери забележаа раст од 9,5% на годишна основа. За извршување на плаќањата, граѓаните особено ги користеле мобилните апликации со кои извршиле над една половина од вкупниот број на електронски иницирани кредитни трансфери. Притоа, бројот на плаќањата извршени со мобилен телефон пораснал за 18,4% на годишна основа. Истовремено, значително поумерен годишен раст со 1,7% е забележан кај употребата на компјутерите за извршување плаќања.

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе