Сивус го купи едукативниот ИТ центар Александрија

Сивус едукативниот и развоен центар, како дел од Сивус групацијата во целост ја презема работата, кадрите и програмата на Александрија, едукативниот ИТ центар.

Александрија веќе 20 години е присутна на македонскиот пазар развивајќи генерации на инженери преку специјализирани обуки и курсеви од областа на информатиката и мрежните техологии. 

Ваквото спојување на ресурсите, знаењето и енергијата ќе резултира во заземање на лидерска позиција од страна на Сивус едукативниот и развоен центар на  македонскиот пазар за специјализирана ИТ едукација.

Двете компании на оваа голема промена гледаат како на здрав и силен чекор кон понатамошен напредок на македонскиот ИТ пазар кој ќе помогне во креирање и оддржување на стандарди и кадри на ниво на светските во оваа област.

Преземањето ќе овозможи проширување на досегашниот пакет на курсеви и специјализирани академии, а со тоа и приближување на нови методологии на изучување, досега неприменувани на македонскиот пазар.

Пред точно 72 години, во Долно Јаболчиште се случи нешто кое драстично го смени текот на партизанското делување на овие простори, како и текот на македонско-албанската комуникација, соработка и коегзистинеција.

повеќе

Дипломатијата е значајна служба на секоја одговорна земја. Во нашиов случај, кога сме меѓународно оспорени, МНР мора да биде најфорсирана институција.

повеќе

Проблемот е познат и добро простудиран од други аналитичари. Според некои изгубениот идентитет на СДСМ е основен, според други понудата на оваа партија не е доволна, според трети проблемот е во делувањето...

повеќе