За цената на електричната енергија

Шуклева: МЕПСО е трговска компанија и бара покачување на цената на струјата

Генералниот директор на АД МЕПСО Ева Шуклева вели дека компанијата барала цената на струјата, во делот кој се однесува за МЕПСО, да се покачи за 70 проценти, а дека од Регулаторната комисија е одобрено поскапување од 11 проценти. Таа нагласува дека МЕПСО е трговско друштво како и сите останати компании и затоа не може да бара намалување на цената бидејќи струјата не е социјална категорија.

Шуклева вели дека не верува дека тоа ќе предизвика намалување на потрошувачката на електрична енергија и порачува дека не можат да побараат намалување на цената заради инвестициските проекти за подобрување на преносната мрежа кои се во тек.

„Побаравме зголемување на цената за 70 отсто во делот за МЕПСО. Нашите пресметки покажуваа дека нашиот дел во просечната сметка за струја ќе се зголеми за 23 денари доколку добиевме покачување од 70 отсто, а сега зголемувањето ќе биде околу пет денари. Не верувам дека тоа ќе влијае на намалување на потрошувачката на струјата", рече Шуклева на денешната прес-конференција.

Таа посочи дека АД МЕПСО учествува со само 4,2 отсто во вкупната цена на електричната енергија.

„Во пресметките за цената на струјата ги преставуваме реалните трошоци и приливи на компанијата. За да можеме да правиме инвестиции потребно е да има реална цена на струјата. Во спротивно не може да се прават инвестиции во енергетските компании. Се купува светска опрема и тука цената е иста како што е во Германија. Затоа ние како раководство на компанијата не можеме да отстапиме од нашите барања за цената, затоа што некој од нас ќе побара одговорност зашто не сме ги претставиле реално трошоците", рече Шуклева.

МЕПСО, прецизира, е трговско друштво како и сите останати компании и затоа не може да бара намалување на цената бидејќи струјата не е социјална категорија. Тоа евентуално може да се субвенционира со различни пакети од државата, но не и со непризнавање на реалните трошоци на енергетските компании, рече Шуклева.

Освен тоа, како што нагласи, поради ковид кризата има реално намалување на приходите на компанијата од 10 до 12.

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе