Штрајкот во Пошта ставен во мирување, службите работат нормално

Генералниот штрајк во државната „Пошта" започнат вчера утрото, е ставен во мирување до 27 април, до кога треба да биде потпишана спогодба со Управниот одбор за зголемување на платите на вработените од јуни за 3.000 денари, информираа денеска синдикалните организации. Работниот процес ќе се одвива непречено во сите поштенски единици.

Синдикатите денеска информираат дека со Управниот одбор беше договорено да се прифати како приоритетно барањето на вработените за линеарно покачување на нето платата во износ од 3.000 денари и дека одлуката за покачувањето уште вчера ја донел Управниот одбор.

Според договореното, за вработените во технолошкиот процес платата ќе се зголеми со исплата за месец јуни, а за останатите вработени во администрацијата со исплата на плата за август, велат синдикатите.

„Рокот за потпишување на спогодбата со Управниот одбор е до 27 април со што до тој датум гнералниот штрајк ќе биде во мирување. Работниот процес во А.Д Пошта на РСМ ќе се одвива непречено во сите поштенски единици во Македонија“, стои во информацијата од синдикатите.

Инаку, вчера, по постигнатиот договор за повисоки плати синдикатите и генереланиот директор Јани Макрадули побараа што побрзо да се изгласаат измените на Законот за поштенски услуги, со кои повторно ќе се одложи либерализацијата на поштенскиот пазар во делот на универзалната услуга, што е во сила од почетокот на годинава.

Тоа, како што рече, претседателот на Синдикатот на Македонска пошта, Боро Велигданов, ќе им даде простор за комплетно нова реорганизација и систематизација со што ќе воведат професионализам и позиционирање на пазарот за поштенски услуги.

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе