Шпаркасе банка најдобри во класата – активација за кампањата Хепи Виса викендс

Шпаркасе банка АД Скопје го доби признанието Најдобри во класата – активација за кампањата „Happy VISA Weekends“ од страна на долгорочниот партнер Виса. Кампањата што ја спроведе банката во текот на 2021 година, беше оценета за најдобра во класата Виса активација.

„Чест ни е што Виса, водечката светска компанија и глобален авторитет во дигиталните плаќања, ја препозна иницијативата на Шпаркасе банка за понуда на иновативни картични производи и креирање дополнителна вредност за своите клиенти при реализација на безготовински плаќања“, велат од банката.

Станува збор за наградна игра наменета за сите корисници на платежни картички за физички лица од брендот Виса, а услов за учество беше корисниците да реализираат најмалку една поединечна трансакција на продажните места и е–комерц трансакции во земјата и во странство, во висина од најмалку 500 денари. На најсреќните учесници им беа доделени 70 ваучери за патување во Македонија и главна награда – автомобил Киа спротаж (KIA SPORTAGE).

„Горди сме на сите успешни проекти и соработки низ годините со Виса и истовремено упатуваме голема благодарност за добиеното признание, но и до нашите клиенти за нивната доверба и лојалност, и фактот што ја избраа Шпаркасе банка за свој сигурен и стабилен финансиски партнер. Остануваме посветени на креирање понуди на иновативни производи, квалитетни услуги, но и обезбедување дополнителна вредност за нашите клиенти и поддршка на заедницата“, велат од банката.

Комерцијален текст

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе