Шел се шири во регионот, по Хрватска влегува и во Македонија

Купување компанија во Хрватска, отворање компании во сите земји во регионот, со присуство во Србија и најава за Македонија. Ова е дел од стратегијата на Корал, компанија која работи под закрила на Шел. Корал со моменталните 700 бензински станици е лидер во Грција.

Успехот на компанијата во Грција, доведе до добивање лиценца за брендот Шел во Кипар, Србија, Хрватска и Македонија. Корал е лидер во големопродажбата, малопродажбата и во широката понуда производи за купувачи во индустријата, превозниците и трговијата.

Матичната компанија на Корал, Мотороил пак, ги има трите главни бренда во нафтената индустрија во оваа земја: Shell, Avin и Cyclon. Со тоа зад себе има 1.400 бензински станици.

Големи шпекулации околу влегувањето на Шел се слушаа изминатите години, посебно поврзани со Македонија. Веста за купување на компанија во Хрватска ја покажа сериозноста на Корал за влез во регионот. Минатиот месец Корал купи 75% од акциите од хрватската компанијата АПИОС и стана сопственик на 26 бензински станици во Хрватска. Со ова само се покажа дека регионот е од интерес за овој светски бренд, кој за сега е видлив само во Србија со пет бензински станици.

По Хрватска, големи се очекувањата и за Македонија каде веќе е отворена компанија Корал фјуелс ДООЕЛ со менаџери од Грција кои ќе бидат одговорни за оперативните зафати. Како што дознаваме веќе имаат сопствена бензинска станица на излез од земјава кон Грција, а планот е допрва да ја шират својата мрежа.

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе