Шаоми 12T – нови нивоа на креативност и детали во паметните телефони

Глобалната технолошка компанија Шаоми (Xiaomi) ја претстави својата најнова водечка серија на паметни телефони – долгоочекуваната серија Шаоми 12T. Со најнапредните технолошки иновации, Шаоми 12T про и Шаоми 12T имаат систем на камера за сите оние на кои им треба нов начин да ја изразат својата креативност со врвни перформанси

И двата модели од серијата Шаоми 12Т имаат камери кои се исти како професионалните во однос на спецификациите и на корисниците им нудат исклучително искуство со фотографирање со паметен телефон. Со систем на камера од дури 200 MP, фотографиите снимени од телефонот Шаоми 12T про се со врвен квалитет, а камерата има и одлични перформанси за фотографии во текот на ноќта, како и брзо фокусирање. Ова, заедно со голем број други оптимизации, овозможува снимање дури и на најмалите детали без губење на фокусот дури и во услови на слаба осветленост или кога предметот на сликата се движи со голема брзина.

Исто така, камерата има сензор за зумирање 2x кој благодарение на големата површина од 1/1,22" може да снима фантастични портрети. Опциите за Xiaomi ProCut и Ultra burst прават сè што фотографирате или снимате да изгледа како да е од професионална камера. Поддршката на 8K видео во целосна резолуција Xiaomi 12T Pro ќе се погрижи да креирате совршена видео содржина, како видеографи.

Од друга страна, Шаоми 12T има тројна камера: примарна камера на про-ниво со неверојатни 108 MP, широкоаголна камера од 8 MP и макро камера од 2 MP. Моќните спецификации при слаба осветленост обезбедуваат остри и светли слики дури и во предизвикувачки ситуации.

Серијата Шаоми 12T нуди неверојатно траење на батеријата и брзина на полнење, дури и кај предводниците на Шаоми кои се познати по долготрајното траење на батеријата. Двата телефони имаат голема батерија од 5.000 mAh и технологија HyperCharge од 120 W, која ви овозможува да го наполните телефонот за само 19 минути, по што можете да го користите телефонот импресивни 13,5 часа.

Шаоми 12T про ќе биде достапен во сина и црна боја во варијантата од 8+256GB кај овластените партнери и во продавницата на Шаоми, додека Шаоми 12T доаѓа во сина и црна боја и 8GB+128GB меморија.

Во овој период, освен попуст на уредите од цели шест илјади ден, корисниците ќе добијат и паметен грејач Mi S, како и 3 месеци Јутјуб премиум.

Комерцијален текст

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе