Владата усвои антикризни мерки

Сега е време за финансирање на опстанок, рече премиерот

Наша обврска е да им помогнеме на граѓаните, разговараме отворено со стопанските комори, затоа што не е време за финансирање на профитабилност, туку на опстанок, рече премиерот Димитар Ковачевски и најави парична поддршка за пензионери, невработени, за лица од други ранливи категории. По почетокот на војната во Украина, нагласи, инсистиравме на зголемување на минималната плата, на тоа се согласија и коморите, а идната година нѐ очекува ново зголемување на минималната плата, рече премиерот и објави дека Владата донела нов сет мерки за справување со енергетската и ценовната криза, вреден над 350 милиони евра.

Целта на Владата преку мерките е да ги помогнеме најранливите групи граѓани во претстојната зима која што ќе биде најтешка досега, рече премиерот и додаде дека ова е најтешка криза по Втората светска војна.

„Не е време на изобилие, туку на солидарност", изјави Ковачевски.

Тој информира дека во наредните четири месеци, по 3 илјади денари месечно треба да добијат корисниците на социјална помош, помош за попреченост, посебен додаток, нега од друго лице и невработените. Мерката опфаќа 42 илјади граѓани и ќе изнесува над 8 милиони евра.

По 1.500 денари во наредните 4 месеци ќе добијат пензионерите кои добиваат пензија до 11.525 денари, а тоа се над 91.600 пензионери. Директна помош од вкупно 3.000 денари, по 750 денари месечно, ќе добијат пензионерите со пензии од 11.525 до 14.000 денари, а такви се над 66 илјади пензионери. За оваа мерка се издвоени 12,2 милиони евра.

Севкупната поддршка за полесно пребродување на кризата во сите сфери досега изнесува 750 милиони евра, рече Ковачевски и додаде дека заштитата на животниот стандард на граѓаните и ликвидноста на компаниите остануваат приоритет.

„Во овој сет на мерки обезбедуваме поддршка на јавни, образовни и здравствени установи. Така, ги вклучуваме основните и средните училишта на регулиран пазар за снабдување со електрична енергија, и обезбедуваме континуиран и непречен образовен процес. Поддржуваме вкупно 365 основни и 109 средни училишта и за оваа цел одвоивме над милион евра. Овозможуваме снабдување на јавните здравствени установи со електрична енергија преку продажба од ЕСМ по далеку поповолна цена од пазарната цена.

Обезбедуваме снабдување со електрична енергија на мерни станици за водни пумпи, преку ЕСМ продажба по поволна цена од берзанската цена (потребна електрична енергија од 34.000 MWh, субвенционирање на разлика во цена на електрична енергија - фин импликација 3,4 милиони евра), не смееме да дозволиме во општините каде што се снабдуваат со вода преку пумпи да останат граѓаните без вода. Секако не го забораваме и приватниот сектор - микро, малите и средни компании, тие се нашиот столб“, рече премиерот.

„Клучната порака е дека никого нема да заборавиме и да оставиме сам да се справува со последиците од кризата. Кризата ќе ја пребродиме сите заедно. Мора да има енергенси, парно и струја, но и таргетирани мерки за најранливите категории граѓани.  

Повторно менаџираме добро со Буџетот и ги враќаме парите назад кај граѓаните, посебно кај најранливите категории. Направивме длабоки консултации со експертите, работодавачите, стопанските комори и пензионерите, науката,... Ги финализиравме мерките за поддршка на граѓаните и компаниите, но од денес уште попосветено ќе работиме за надминување на кризата. Делуваме одлучно и преземаме мерки кои ја ублажуваат кризата“, истакна Ковачевски.

Тој се осврна и на средствата обезбедени со ребалансот на Буџетот кои ќе се реализираат во следниот период.

„Инфлацијата е комплетно иста во цела Европа и потекнува од исти фактори – цената на основните житни култури е порасната над 70 отсто во текот на 12 месеци, а тие се основна суровина за производство на леб, а зголемена е и цената на енергентите“, рече премиерот.

На почетокот Владата, како што нагласи, пристапи со замрзнување на цените, но ако се замрзнат цените под трошоци на производство ќе има недостиг на храна.

Ковачевски соопшти дека се одлучиле за таргетирани мерки за субвенционирање на индустрии што произведуваат основни прехранбени производи да им се помогне со енергенси и струја што ја користат, но под услов ако се намали или не се зголемува цената на производите што излегуваат од нивните капацитети.

„Се надевам дека во наредните една-две недели ќе дојдеме до решение прифатливо за производителите што ќе овозможи субвенционирање на енергенсите за нив, а тие да ја намалат или да не ја зголемуваат цената на основни пехранбени производи“, рече Ковачевски.

На прашањето дали е можно Левица и ВМРО-ДПМНЕ да ги блокираат мерките, Ковачевски рече дека очекува од сите партии и пратеници да бидат одговорни пред граѓаните и стопанството.

„Левица не може да блокира, тие имаат друга агенда“, рече премиерот.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе