Само мазутот поевтинува, бензинот и дизелот остануваат со истата цена

Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека од ноќеска по полноќ нема да се менуваат цените на бензинот и на дизел горивото, а дека извесно намалување на цената ќе има само кај мазутот.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,078 ден/кг и ќе изнесува 52,649 ден/кг.

Цените на нафтените деривати не се менуваат и ќе изнесуваат:

Моторен бензин Еуросупер БС - 95 108,50 (денари/литар)
Моторен бензин Еуросупер БС - 98 110,50 (денари/литар)
Дизел гориво Еуросупер БС (Д-Е V) 103,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 102,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 52,649 (денари/килограм)

Од Регулаторната комисија потсетуваат дека прикажаните цени се максимални, а дека трговците на големо и мало можат да формираат и пониски цени за горивата.

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе