Сајбердог на Шаоми - иднината на роботиката денес беше претставена во Скопје

Сајбердог (CyberDog) четвороножниот робот нa Шаоми (Xiaomi), кој е воедно и пионер на роботиката на оваа компанија, денеска беше претставен во Скопје. На присутните им беа презентирани бројните команди и напредни функции кои овој робот ги поседува, а се реткост за јавноста на нашите простори.  

Сопственикот овој робот може да го користи преку апликација за далечински управувач и паметен телефон. Токму заради овие функции Шаони Сајбердог е еден вид домашен миленик од нова генерација. Сопственикот може да го повика за различни задачи, но и да ги користи многубројните можности за комуникација.

Екстерниот интерфејс на Сајбердог е исто така богато развиен. Поседува 3 приклучни порта тип C и еден HDMI порт, што на корисниците им овозможува слобода да истражуваат и интегрираат широк спектар на иновативни и креативни хардверски додатоци или софтверски системи, како светло за пребарување, панорамска камера, камера за движење, LiDAR и многу други.

Овој храбар чекор на Шаоми кон истражување на технологијата на иднината е инспириран од живите суштества, а е резултат на посветената работа и експертизата на инженерите на компанијата.

Сајбердог е калибриран со интерно развиени серво мотори кои на роботот му даваат голема брзина и широк спектар на движења. Со максимален излезен вртежен момент и брзина на ротација до 32 N•m/220 вртежи во минута, Сајбердог може да изведува серија движења со голема брзина до 3,2 m/s и комплицирани дејства, како што се превртувањa наназад.

Мозокот на роботот го води суперкомпјутер со вештачка интелигенција на NVIDIA Jetson Xavier NX платформа. За своите сопственици, Сајбердог беспрекорно ги обработува масивните податоци што ги складира во својот сензорски систем.

За да може целосно да ги имитира живите организми, Сајбердог е опремен со 11 сензори со висока прецизност кои обезбедуваат моментална повратна информација што му помага да се движи. Ова вклучува сензори за допир, камери, ултразвучни сензори, GPS модули и многу други, кои му даваат на Сајбердог зголемена способност да ја почувствува, анализира и да комуницира со околината.

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе