„Сахара“ ќе го реновира хотелот „Славија” во Охрид

Наскоро Охрид ќе добие уште еден луксузен хотел на својата ривиера. Сахара групацијата најави дека првичните подготовки за реконструкција на хотелот „Славија” завршија, а градежните работи ќе почнат до крајот на месецов. Со ова, групацијата покажа дека сè уште се активни и оперативни во Македонија, преку инвестирање во туристичко – угостителскиот сектор. Истовремено, тие најавија и нови вработувања.

„Сахара групацијата е посветена кон своите инвестиции во Република Македонија, иако не беше во можност да ги оствари своите заложби во земјоделскиот сектор. Моментално се фокусираме кон туризмот и угостителството. Сахара моментално е поддржана преку своите канцеларии и оперативност во Скопје и Охрид, каде тим од 10 луѓе работи и наскоро ќе почне со регрутација на повеќе лица за своите бизнис активности”, пишува во официјалното соопштение од компанијата, кое најави нов период исполнет со активности на Сахара групацијата во Македонија.

Хотелот „Славија” не е во функција повеќе години.

Сахара групацијата најави дека веќе се ангажирани архитекти и дизајнери на ентериер, од Македонија, но и од тимот на дизајнери во Индија. Нашата задача е да го претвориме стариот хотел со комунистички изглед во модерно ремек-дело, соодветно за секој кој сака да ужива во деновите поминати во Охрид, велат в Саара.

Договорите со изведувачите биле веќе подготвени и потпишани, а официјалниот старт на градежните зафати се очекува во наредните седмици, со цел хотелот да биде подготвен за следната туристичка сезона.

Хотелот беше купен од Саара в 2013 година.

Сушанто Рој го посети хотелот изминатово лето, со цел да го провери напредокот на подготовките за реновирање да се запознае со изведувачите. 

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе