РСЕ: Дрвата за огрев прескапи, пелети ни за лек

Побарувачка за огревно дрво и пелети има, ама цените растат и граѓаните се загрижени, како ќе се греат оваа зима. Увозниците на пелети велат дека нема од каде да увезат, додека огревното дрво го има, ама по „солени“ цени, вели Радио слободна Европа.

Фото: ЕПА

Иако е лето и надвор е 40 степени, голем дел од граѓаните веќе почнаа да набавуваат огрев за да бидат сигурни дека ќе имаат топол дом во зима, во време на енергетска криза и галопирачки раст на цените на енергенсите. Годинава грижите растат за тоа дали ќе има огревно дрво и пелети за греење зимава, но и по која цена. Додека дистрибутерите на пелети имаат проблем и со поскапувањето и со неможноста да стигнат до потребните количества, огревното дрво главно го има, ама по високи цени.

РСЕ вели дека додека европските земји се тркаат во штедење енергија, Македонија ја заборавила кризата.

Со цел да се спречат и избегнат последиците предизвикани од зголемена побарувачка на огрев, од Владата донесоа одлука за ограничување на извозот на огревното дрво и пелетите до крајот на годината. Во владиното соопштение се наведува дека ова веќе го направиле и владите на Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи пак најави дека по допрен глас ќе се даде задолжение до инспекторатот да ги провери дали има обиди да се направи вештачки недостиг од пелети и огревно дрво за зголемување на нивните цени.

Во делот на огревното дрво, ситуацијата со количините не е толку алармантна, но затоа цените растат. РСЕ побарала информации за цените во неколку складишта. Успеале да „обезбедат“ буково дрво за од понеделник за 4.600 денари за кубик. За дабово им рекле дека ќе мора да почекаат две недели, а цената ќе биде 4.800 денари, за еден кубик.

Огревното дрво е единствениот енергенс што не поскапе досега, ама само според ценовникот на најголемиот производител ЈП „Национални шуми“. Сепак овие дрва се резервирани за објекти како училишта или градинки, за дел од пензионерите, ретко за физички лица. Од кај нив земаат дрва и приватните складишта, но таму си има други трошоци и маржи, па затоа цените годинава се вивнаа по 5.000 денари за кубик. Валентин Груевски, директорот на ЈП „Национални шуми“, вели дека 13 години немале поскапување, па затоа кубик даб го продаваат по 2.900 денари.

„Сега се создава непотребно паника, меѓутоа дрва ќе има. Е сега прашање е по која цена ќе се набават, инаку дрва ќе има“, вели Груевски.

Единствено додава, проблем може да се јави поради неможноста да се процени колку луѓе годинава ќе се греат на дрва, бидејќи цената на другите енергенси драстично порасна.

Според податоците на Државниот завод за статистика, огревното дрво останува главниот енергенс што граѓаните го користат за затоплување на домот во грејната сезона.

Второто најкористено средство за загревање на домовите е електричната енергија, која ја користеле 31 отсто од македонските домаќинства. На централно парно се затоплуваат 10 отсто од објектите за домување, додека дрвените брикети и пелети ги користат 8,5 отсто од домаќинствата во текот на зимските месеци.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе