РКЕ: Домаќинствата за 16 проценти ја намалија потрошувачката на струја во скапа тарифа

Домаќинствата за 16,32% ја намалиле потрошувачката на електрична енергија во скапа (висока) тарифа откако се воведени блок тарифите покажуваат анализите на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Согласно податоците на РКЕ, просечната потрошувачка на струја во скапата тарифа изнесувала 244 kWh на во периодот од 1 јули до 31 октомври, што е за 16,32% помалку во споредба со истиот период од минатата година кога просечната потрошувачка изнесувала 281 kWh.

„Реформата е успешна, блок тарифите даваат резултати и ја постигнуваат таргетираната цел за рационално користење на електрична енергија. Принципот кој троши повеќе да плаќа повеќе, а кој троши помалку, да плаќа помалку - има ефект и тоа го покажуваат анализите на просечната потрошувачка на електрична енергија во висока тарифа каде се регистрира за 16,32% заштеда во потрошувачката откако ги воведовме блок тарифите од 1 јули до 31 октомври" изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

РКЕ од 1 јули воведе четири блок тарифи со цел да испрати сигнал за рационално користење на електричната енергија. Првиот блок е до 210 kWh, вториот е од 211-630 kWh, третиот е во опсег од 631-1050 kWh и четвртиот е над 1050 kWh

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе