РКЕ денеска ја разгледува одлуката за одземање на лиценците на БЕГ, не се знае кој ќе ги грее скопјани

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги денеска има подготвителна седница на која се разгледува Предлог-одлуката за укинување на лиценците за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија на Балкан енерџи груп (БЕГ).

„Се очекува следната недела да се закаже главна седница на која ќе бидат донесени конечни одлуки за одземање на лиценците за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија на Балкан енерџи груп“, изјавила за МИА Марина Узунов, портпарол на РКЕ.

Претседателот на РКЕ Марко Бислимоски минатата недела најави дека Комисијата е во постапка за одземање на лиценците на Балкан енерџи груп (БЕГ).

„Тоа значи дека во моментот кога ќе ги одземеме лиценците ќе ја информираме Владата и согласно Законот за енергетика Владата е должна да распише тендер на кој ќе треба да се најдат нови вршители на енергетската дејност. За одземањето на лиценците нема да има реперкусии и ниту граѓаните, ниту, пак, индустријата нема да плаќаат ниту еден денар“, рече Бислимоски на прес-конференцијата на која беше презентиран калкулаторот за новиот тарифен систем за универзалниот снабдувач со електрична енергија преку кој граѓаните може да направат споредби за сметките меѓу постојниот и новиот предлог тарифен систем со блок тарифи за високата тарифа на потрошена струја.

Бислимоски најави дека сите постапки ќе бидат завршени на време, а до нивното завршување постојниот вршител на енергетската дејност е должен да ја врши дејноста.

Но, сѐ уште не се знае кој ќе ги замени БЕГ и кој ќе управува со испораката на топлинска енергија во главниот град откако градоначалничката Данела Арсовска рече дека Градот нема можност за тоа.

 

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе