РЕС - нова инвестиција на пазарот со снабдување со електрична енергија од обновливи извори

Од овој месец на македонскиот енергетски пазар со работа почнува компанијата РЕС (Renewable energy supply) како друштво со ограничена одговорност чија што цел е да понуди нов квалитет на пазарот во снабдувањето со електрична енергија и да понуди повеќе поволности како за крајните потрошувачи така и за производителите на електрична енергија од обновливи извори. Истовремено, РЕС ќе претставува компанија која  ќе ги интегрира производителите на електрична енергија од обновливи извори во еден центар кој што ќе обезбеди стабилно снабдување за македонските компании.

Компанијата е регистрирана на 2 мартодина, а нејзини основачи се компанијата „Централинвест“, во сопственост на проф. д-р Кочо Анѓушев и „Токи“, која што е една од најголемите компании во Република Бугарија во областа на обновливи извори на енергија и снабдување со електрична енергија.

Анѓушев е еден од најголемите инвеститори во Македонија во сферата на производство на електрична енергија од еколошки обновливи извори. Преку компаниите кои што се во негова сопственост, како и во партнерство со други сопственици располага со портфолио од 25 мали хидроелектрани со инсталирана моќност од близу 24MW, инвестиција во биогасна електрана од 2MW, како и фотоволтаична централа од 8MW.

Од друга страна, „Токи“ е брзорастечка компанија специјализирана во снабдувањето со електрична енергија од обновливи извори и пазарен интегратор на овој тип на производители на електрична енергија во Бугарија. Оваа компанија е сопственик на најмодерната дигитална платформа за снабдување со електрична енергија на бугарскиот пазар и интегратор на значаен дел од произведената електрична енергија во Бугарија од обновливи извори (вода, сонце, ветер и биогас). „Токи“ е членка на Реналфа групацијата во доминантна сопственост на Иво Прокопиев која е активна во инвестиции во обновливи извори на енергија и е-мобилити. Реналфа има завршено проекти на инсталирани фотоволтаици од над 6.000 MW за други инвеститори и за сопствени потреби во Европа и Блискиот Исток и со тоа таа е една од водечките европски компании во инсталација и одржување на фотоволтаици.

На тој начин настанува здружување на двете најголеми компании од областа на производство на електрична енергија од обновливи извори од двете држави во РЕС. Целта на новата компанија е најголем дел од сопственото производство да се пласира до крајните корисници односно фирмите во Македонија и Бугарија. Во овие услови на нестабилност на пазарот на електрична енергија со големи варијации на цената, само компаниите кои имаат сопствено производство можат да гарантираат стабилност. Дотолку повеќе што за да се пласираат производи на западноевропските пазари предност имаат компаниите кои што користат електрична енергија од обновливи извори. РЕС на македонската економија ќе ѝ го понуди токму тоа - стабилно снабдување од сопствени обновливи извори на енергија за македонската економија.

Новата компанија исто така ќе биде и најголем агрегатор на електрична енергија од обновливи извори, нудејќи им на сите сопственици на производни капацитети најдобар и најсигурен откуп на електрична енергија. Фероинвест, дел од групацијата предводена од Анѓушев, со својот SCADA мониторинг центар има капацитет да ги приклучи, мониторира и одржува сите капацитети за производство на енергија од обновливи извори и на тој начин на РЕС да му овозможи да биде најголемиот агрегатор односно целата енергија да биде регулирана од еден центар.  

Ваквата синергија меѓу компаниите ќе значи сопствено гарантирано производство за сопствени потрошувачи за стабилно и гарантирано снабдување.

 

 

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе