Рекорден број превезени патници на аеродромите во Македонија

Во периодот јануари-ноември 2016 година превезени се рекорден број на патници што поминале на двата аеродроми во Република Македонија соопштуваат од Министерството за транспорт и врски.

„Од месец јануари заклучно со месец ноември 2016 година, од двата аеродрома во Република Македонија – аеродромот „Александар Велики“ во Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид споредено со 2015 година бројката на превезени патници е зголемена за 15,7 % поточно превезени се 1 661 010 патници“ соопштуваат од Министерството за транспорт и врски

Од таму известуваат дека на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, во периодот од јануари – ноември 2016 година регистрирани се вкупно  1 524 985 патници што во споредба со истиот период од минатата година кога биле превезесни 1 338 470 патници, се забележува зголемување од 13,9 %, додека пак на аеродромот „Св.Апостол Павле“ во Охрид за периодот јануари - јуни 2016 година, превезени се 136 025 патници, што во споредба со истиот период од 2015 година кога биле превезени 96 585 патници, се бележи зголемување од 40,8 %.

„Согласно, реализација на сообраќајот, најзастапени дестинации според бројот на патници за периодот јануари – ноември се: Истанбул 12,7%, Цирих 10,1%, Виена 6,3%, Базел 4,9%, Малме 4,8%, и Лондон 4,3%“, известуваат од министерството.

Од таму известуваат дека рекордниот број на превезени патници, како и бројот на компании кои оперираат со нови дестинации е резултат на проектот на Владата за финансиска поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај. 

Веројатно е најдобро претседателот Иванов да не го дава мандатот додека не се даде на увид законот за употреба на албанскиот јазик и другите планови на новата коалиција

повеќе

Изразено ниската вредност на вложување во науката и истражувањата во Македонија е јасен знак за отсуство на грижа на државата за овие суштински дејности. 

повеќе

Последните 11 години Македонија е окована во аграрен, ксенофобичен и социо-економски популизам, кој не се однесува на интересите и потребите на граѓаните, туку на оние кои се повинуваат на волјата на елитата.

повеќе