Народна банка

Раст на депозитите во септември

Во септември годинава е регистриран раст на вкупните депозити во банките, како и на кредитирањето на граѓаните и на компаниите, соопшти Народната банка.

Вкупните депозити во септември бележат месечен раст од 0,7 отсто. Растот е одраз на зголемувањето на депозитите кај секторот „домаќинства" со умерен раст и на депозитите на корпоративнито сектор, велат од НБ.

На годишна основа, вкупните депозити забележаа зголемување од 6,1 отсто при раст на депозитите кај двата сектора, кој е поизразен кај секторот „домаќинства".

Месечен и годишен раст од 0,8 односно 7,3 проценти се бележи и кај кредитите. Растот произлегува од зголеменото кредитирање кај двата сектора, а поизразено е кај „домаќинствата".

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе

Многумина од учесниците во македонската сага, нивните деца и внуци прашуваат: Зошто не можеме да се вратиме во земјата на нашите предци?

повеќе

Утрово осамна уште еден ден од ноември, 20-от ден од месецот. Остануваат точно уште 456 дена до 100-годишнината од коморскиот систем во нашата земја.

повеќе