Прва награда за безбедност и здравје при рабoта за Макстил

Макстил е добитник на првата награда за спроведување добри практики за безбедност и здравје при работа за 2021 година. Според комисијата за евалуација компанијата е избрана како најдобар правен субјект кој реално и стручно, придонел во сопствениот развој, инвестирајќи и имплементирајќи добри практики во безбедни и здрави работни места за своите вработени.

Наградата е доделена на одбележувањето на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, а организатори и иницијатори за евалуација на условите за работа во македонските компании се Меѓународната организација на трудот (МОТ) – Канцеларијата во Скопје и Министерството за труд и социјална политика.

Безбедноста на вработените и создавањето сигурна работна средина е еден од приоритетите што ги имаме во долгорочната развојна стратегија на Макстил. Тоа опфаќа воведување на цела методологија за континуирано подобрување на производниот процес и за зголемување на безбедноста на вработените. Овие практики и вложувањето во безбедносните системи што ги имплементиравме во изминатите години, позитивно се одразија врз работата на компанијата и врз задоволството на вработените. Добивањето на оваа награда е само уште едно уважување за овие големи инвестиции и препознавање на заложбите на Макстил како одговорна и современа компанија што се грижи и вложува во безбедноста на своите вработени“, велат од Макстил.

Со цел подобрување на условите за работа и создавање максимално безбедна работна средина, изминатите години Макстил ангажираше меѓународен консултант за подобрување на безбедноста на сите вработени. Со имплементирање на експертските препораки Макстил значително ги подобри безбедносните перформанси во производните погони на компанијата и воспостави современи безбедносни практики, а сето ова придонесе за подобрување на компаниската безбедносна култура.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе