Просечната плата во јули изнесувала 31.812 денари, но во некои сектори е и намалена

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јули годинава изнесува 31 812 денари и е за 11,5 проценти повисока од просечната плата во истиот месец лани, објави денеска Државниот завод за статистика. Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен изнесувала 47.590 денари. Сепак, во некои сектори просечната плата бележи намалување.

Државен завод за статистика

Според статистиката, зголемувањето се должи на зголемените плати во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (17,8 проценти), Стручни, научни и технички дејности (17,5 проценти) и Уметност, забава и рекреација (16,3 проценти).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (4,3 проценти), Рударство и вадење на камен (3,9 проценти) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3,9 проценти).

 

Легенда под Главна слика

Државен завод за статистика

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе