За три месеци

Преку скенирање на фискалните сметки граѓаните добиле 491,5 милиони денари

Управата за јавни приходи (УЈП) соопшти дека преку мерката „Мој ДДВ" за првото тримесечје од годинава на граѓаните им се вратени вкупно 491,5 милиони денари. Средства се исплаќаат и кај оние корисници кои во изминатите месеци направиле корекции на трансакциските сметки и ги ажурирале во нивниот кориснички профил, се вели во информацијата.

УЈП апелира, граѓаните да внесат точни податоци во апликацијата „Мој ДДВ" со цел навремена исплата.

Крајната горна граница на исплата што граѓаните може да ја добијат како поврат од „Мој ДДВ" е 1.800 денари за едно тримесечје или 7.200 денари годишно по лице.

Согласно статистиката на УЈП, во првите три месеци од годинава, од јануари до март се скенирани 73 041 591 фискална сметка.

„Интересот на граѓаните за користење на оваа мерка секојдневно расте и само во првото тримесечје од годинава регистрирани се нови 15 777 корисници на апликацијата „Мој ДДВ", а вкупниот број на регистрирани корисници досега изнесува 457 090“, наведува УЈП.

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе

Кој кого „мафлосува“, тие нас или ние нив. Чекор напред, три назад, како раковите во Охридското Езеро од моето детство кои исчезнаа во налетот на технолошкиот напредок и уништувањето на животната средина.

повеќе