Правда за штедачи: „Герат“ земала кредит од Еуростандард банка и се избришала од Централен регистар

Еве уште еден пример за организираниот криминал во Еуростандард банка. Фирмата за производство, трговија и услуги Герат ДООЕЛ Скопје, со седиште во општина Гази Баба, и нејзиниот сопственик и управител Дино Дуспара се дел од организираниот криминал на Еуростандард банка. Во извештајот на стечајниот управник за банката, оваа фирма има долг од 306 илјади евра и нема платено рата цели 773 дена пред затворање на банката или од јуни 2018 година. За обезбедување на кредитот се води единствено обична меница. За оваа фирма се води и 52,10 отсто издвоена парична резерва или во категорија на ризик „Г“, информираат од здружението на оштетените штедачи и компании Правда за штедачи.

„Денес фирмата е правно и деловно неактивна. Последниот објавен бонитетен извештај за оваа фирма е од 2014 година. Фирмата е избришана од Централен регистар на 26 февруари 2020 година на основа на неподнесена годишна сметка за 2017 година согласно член 552-а и 552-б од Законот за трговските друштва. Се поставува прашање, како тоа раководството на Еуростандард банка дозволило да се избрише оваа фирма без да се регулира долгот повеќе од две години ниту пак банката да одвои 100 отсто парична резерва. Според сите индикатори, оваа фирма требала да биде регистрирана во најлошата категорија на ризик „Д“, односно да има издвоена парична резерва во висина на целиот долг. Фирмата добила кредит со обична меница, нема никакво обезбедување, сега веќе избришана. Наши пари дадени на вересија со цел да не се вратат.

За грабежот во којшто учествувало високото раководство на Еуростандард банка предводено од претседателите на управниот, кредитниот и надзорниот одбор е повеќе од јасно и очекуваме нивна кривична одговорност. Но, што правеле гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и директорката на секторот за супервизија Викторија Глигорова? Како тоа не ја виделе лажната резервација на фирмата должник Герат која веќе била неактивна и во постапка на бришење? Дали тие воопшто правеле контроли во банката и што гледале? Зошто дозволиле да се краде масовно и со години?

Кога ќе има одговорност и за раководството на Народна банка? Дали ваквиот штетен однос на тоа исто раководство продолжува и ден денес во банкарскиот сектор? Дали гувернерката Бежоска повторно ќе не лаже дека депозитите ни се безбедни како што тоа го направи јавно непосредно пред да ја затвори Еуростандард банка?

Грабежот во Еуростандард банка изобилува со вакви и слични криминални случаи. Доказите се видливи, ги објавуваме, а истите ги поседуваат и финансиската полиција и основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Зошто се молчи? До кога“, прашуваат од Правда за штедачи.

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе