Нова понуда

Потрошувачки и станбени кредити од Комерцијална банка со осигурување од Триглав

Комерцијална банка понуди потрошувачки и станбени кредити со уште поповолни услови - обезбедени со полиса за животно осигурување или за осигурување при неможност за отплата од осигурителните компании на групацијата Триглав.

„Со ова атрактивниот потрошувачки кредит до 30.000 евра на Комерцијална банка уште еднаш потврдува зошто е со најповолни услови на пазарот – отсега може да се обезбеди и со полиса за животно осигурување од Триглав осигурување Живот или со осигурување од неможност за отплата преку Триглав осигурување. Потрошувачкиот кредит за пензионери и станбениот, пак, се достапни со полиса за животно осигурување од Триглав осигурување Живот. Полисите за осигурување на Триглав се достапни на шалтерите во Комерцијална банка со истите услови и поволности што ги нудат двете осигурителни компании“, соопштија од Банката.

Новите можности што ги даваат Комерцијална банка, Триглав осигурување и Триглав осигурување Живот имаат за цел да обезбедат поголема финансиска сигурност за корисникот и за неговото семејство.

Комерцијална банка во континуитет ја збогатува својата понуда со услуги од сегментот на неживотното и животното осигурување затоа што потребите на клиентите се пред сѐ. Со осигурителните полиси својата широка палета на кредити ја прави уште поатрактивна за граѓаните, кои покрај тоа добиваат и квалитетна и комплетна услуга. 

Триглав осигурување Живот со оваа понуда се потврдува како вистински партнер на македонските граѓани при градење деловен однос помеѓу клиент, банка и осигурителна компанија. Животното осигурување станува сѐ поатрактивен производ за македонските граѓани, а инкорпорирано во понудата на банкарските услуги се издвојува по високото ниво на обезбедена заштита на кредитокорисникот.

Осигурувањето од неможност за отплата на кредит на Триглав Осигурување, покрај останатите покритија, нуди и покритие во случај на невработеност. Ризикот од губење на работното место во денешно време е особено изразен и создава чувство на несигурност кај голем дел од граѓаните. Затоа, за Триглав е важно да гради однос на доверба со клиентите, како и стратешки партнерства, кои што ќе им обезбедат поддршка и сигурност кога им се најпотребни.

Повеќе информации за новите кредити се достапни на веб-страната на Комерцијална банка.

Комерцијален текст

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе