Со ова атрактивниот потрошувачки кредит до 30.000 евра на Комерцијална банка уште еднаш потврдува зошто е со најповолни услови на пазарот – отсега може да се обезбеди и со полиса за животно осигурување од Триглав осигурување живот или со осигурување од неможност за отплата преку Триглав осигурување. Потрошувачкиот кредит за пензионери и станбениот, пак, се достапни со полиса за животно осигурување од Триглав осигурување живот. Полисите за осигурување на Триглав се достапни на шалтерите во Комерцијална банка со истите услови и поволности што ги нудат двете осигурителни компании.
Новите можности што ги даваат Комерцијална банка, Триглав осигурување и Триглав осигурување живот имаат за цел да обезбедат поголема финансиска сигурност за корисникот и за неговото семејство.
Комерцијална банка во континуитет ја збогатува својата понуда со услуги од сегментот на неживотното и животното осигурување затоа што потребите на клиентите се пред сѐ. Со осигурителните полиси својата широка палета на кредити ја прави уште поатрактивна за граѓаните, кои покрај тоа добиваат и квалитетна и комплетна услуга.
Триглав осигурување живот со оваа понуда се потврдува како вистински партнер на македонските граѓани при градење деловен однос помеѓу клиент, банка и осигурителна компанија. Животното осигурување станува сѐ поатрактивен производ за македонските граѓани, а инкорпорирано во понудата на банкарските услуги се издвојува по високото ниво на обезбедена заштита на кредитокорисникот.
Осигурувањето од неможност за отплата на кредит на Триглав осигурување, покрај останатите покритија, нуди и покритие во случај на невработеност. Ризикот од губење на работното место во денешно време е особено изразен и создава чувство на несигурност кај голем дел од граѓаните. Затоа, за Триглав е важно да гради однос на доверба со клиентите, како и стратешки партнерства, кои што ќе им обезбедат поддршка и сигурност кога им се најпотребни.