Пријава до ДКСК

Постојат ли и други во РКЕ со судир на интереси?

Антикорупциска истражува судир на инереси кај членот на Регулаторната комисија за енергетика Атанаско Тунески. Барањето стигнало од енергетска компанија од земјава. Во пријавата стои дека има сомневање дека Тунески го прекршил Законот за спречување на корупција и судир на интереси. Како член на Регулаторна која носи одлуки, дава и одзема лиценци, врши надзор врз енергетскиот пазар, Тунески поседува и акции во енергетска компанија. Од Антикорупциска велат ќе ги испитаат сомневањата и ако се потврдат ќе бараат од Собранието да го разреши, јави ТВ Телма.

Антикорупциска треба да испита како е можно Тунески како член на РКЕ кој е должен да учествува во работата и одлучувањето на седниците на Комисијата, истовремено да има увид во работата на енергетска  компанија каде поседува 10 обични акции. Дали го прекршил Законот за спречување на корупција и судир на интереси прикривајќи дека има приватен интерес во енергетска компанија кој не го навел прецизно во анкетниот лист.

Во пријавата стои дека согласно Законот службено лице не може во теккот на мандатот, како и во рок од три години по неговиот престанок да стекне по која и да е основа и во кој и да е облик акционерски права во правно лице врз кое органот во кој работи, врши надзор.

Енергетската компанија се повикува и на Законот за енергетика во кој има специјален дел за судирот на интереси. Таму децидно е прецизирано дека член на Регулаторната не може да биде акционер во компнии кои имаат лиценца за вршење на енергетска дејност.

„Согласно став 2 од овој член, лицата од став 1 се должни да ги прекинат своите интереси во правните лица кои се носители на лиценци за вршење на енергетски дејности, преку продажба на акциите“, стои во пријавата на ДКСК.

Анкетниот лист пак кој Тунески го доставил до Антикорупциска покажува дека неговиот имот тежи над половина милион евра. Пријавил дека поседува акции вредни околу 30.000 евра, но не навел во кои компании.  На повеќе штедни книшки во една банка има заштеди, дел негови дел на сопругата од околу 300.000 евра. Само од камати од заштедите годишно му легнуваат околу 8.000 евра, а сефот во банка му тежи 20.000 евра. На негово име и на име на сопругата завел три станови во Скопје, од 94,87 и 51 метар квадратен вредни околу 205.000 евра, објави ТВ Телма.

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе