По еден месец ЕСМ го разреши Мирсад Црновршанин, директор на ЕСМ продажба

Електрани на Северна Македонија го разреши првиот човек на подружницата која е задолжена за купување на увозна електрична енергија за потребите на државното електростопанство и ги продава нејзините вишоци на струја. Мирсад Црновршанин за директор на подружницата ЕСМ продажба беше именуван на 1 септември со мандат од една година. Тој е инаку од прилепско Лажани, сопственик на локален маркет.

За нов директор е назначен Златко Пиперковски, поранешен директор на РЕК Осломеј, разрешен од таа функција пред една година. Досега како директори на ЕСМ продажба се сменети четворица директори – на оваа позиција беа и Александар Обрадовиќ, поранешниот советник на поранешниот премиер Зоран Заев, Синиша Ивановски, поранешниот директор на ЕЛЕМ трејд.

Во последниот период ВМРО-ДПМНЕ речиси секојдневно ја критикуваше работата на ЕСМ продажба за, според нив, „манипулативната продажба на ноќни вишоци на електрична енергија на привилегирани трговци по цени што се пониски од берзанските“.

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе

Влијанието на корупцијата врз економијата е значајно. Корупцијата може да доведе до неефикасност и погрешна распределба на ресурсите, да ги обесхрабри странските инвестиции и да ја поткопа конкурентноста на фирмите.

повеќе

Почнавме со спротивставени мислења околу Законот за работни односи, со кој недела се прогласува за неработен ден. Завршивме на Уставен суд.

повеќе