Полисата за домаќинско осигурување на Кроација осигурување за спас од големи финансиски загуби

Во случај на непосакуван настан во вашиот дом сигурно би сакале повторно сѐ да биде како што било претходно. Осигурувањето на семејната куќа или станот ги покрива ризиците што можат да го уништат сето она што сте го создавале вредно и со години.

Санирањето на последиците од ваквите непредвидливи настани и обновувањето чини многу и трае долго, но само ако не се осигурени домот и предметите во него. Токму поради тоа осигурителната заштита на домаќинството претставува една од најумните и најважни животни инвестиции во поглед на заштитата и сигурноста на домот.

Ризикот удар од гром е еден од основните ризици во осигурувањето на имотот, што значи дека со секоја склучена полиса за осигурување на имотот, како и домаќинското осигурување, се покриваат штетите што може да ги предизвика удар од гром во домот или на осигурените предмети. Иако, можеби на прв поглед, ризикот удар од гром ни изгледа како ризик наведен во листата на опфатени ризици единствено како настан за збогатување на листата, сепак, во реалниот живот се среќаваме и со вакви штети, при што овој ризик може да предизвика штети од големи размери, и тоа не само на еден стан туку на повеќе станбени единици во објектот. 

Токму таков случај настана пред неколку дена во Велес, кога во силното невреме со дожд, кое го зафати Велес, гром удри во зграда на улица Никола Карев бр. 3 наспроти Основното училиште „Васил Главинов“. Од громот се запали и изгоре стан во поткровјето и покрај брзата интервенција на пожарникарите од ТППЕ од Велес. Станарите од станот што се запали не биле дома и нема повредени лица, но предизвикана е значителна материјална штета. Лекарска помош им била укажана на две лица од соседниот стан, кои имале проблеми со дишењето поради вдишан чад.

Во овој несреќен случај за сопственикот на станот светла точка е што имал обезбедено осигурително покритие  - полиса за домаќинско осигурување на компанијата Кроација осигурување, која, покрај штетата на неговиот дом, ја покрива и одговорноста на осигуреникот за штетите настанати на соседните станови, а како последица на пожарот и преземените дејствија за негово локализирање. Исто така, со полисата се покриени и трошоците за нужно сместување на сопственикот (лицата што домувале во станот), согласно со осигурителното покритие или за периодот до враќање на станот во правобитната состојба, односно состојба во која би бил соодветно место за домување. Со други зборови, доколку човекот немал склучено полиса за домаќинско осигурување на Кроација осигурување, долго време не ќе можел својот дом да го врати во правобитната состојба и ќе претрпел значителни финансиски трошоци, кои ќе паднеле на товар на неговиот буџет.

Кроација осигурување нуди различни пакети за домаќинско осигурување, преку кои сопствениците на имотот може да обезбедат токму ваков вид заштита, а согласно со расположливиот буџет и потребите на осигурениците.

 Она што може да го извлечеме како заклучок од овој настан, и треба да го знаеме, е тоа дека средствата што ќе ги платиме за осигурителното покритие не се непотребно потрошени, туку тоа се средства со кои сме го пренеле ризикот на некој друг, а токму осигурувањето е еден облик на управување со ризикот, првенствено насочен кон намалување на финансиските загуби и пренос на ризикот од нас како осигуреници на друштвото за осигурување.

Комерцијален текст

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе