Поддршка на Жито лукс за летниот камп во Ливадиште на Црвениот крст

Црвениот крст на Македонија и општинската организација Карпош и годинава го реализираа летниот камп „Сите сме исти 3“ во Ливадиште, чија цел е помош и поддршка во воспитно-образовниот процес и подобрување на социјализацијата на деца и млади со попреченост, деца од социјално-загрозени семејства, деца со општи и специфични потешкотии во учењето и деца од еднородителски семејства. Летниот камп е дел од проектот „Хуманко“ што веќе 14 години го реализираат младите од Клубот на млади при Црвен крст.

Жито лукс како општествено одговорна компанија традиционално го поддржа овој летен камп со својата палета на производи со цел да придонесе во целокупната организација и да им овозможи на учесниците да почувствуваат поразлично секојдневие и целосно да се препуштат на убавините што ги носи со себе летото, едукативните и забавни игри, и спортски активности организирани од летниот камп.

Во изминатите неколку години Црвен крст успешно ја реализира својата цел со постојана помош од Жито лукс, компанија што се покажа како вистински партнер, со редовни донации и помош онаму каде што е најпотребно.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе