Почнува продажбата на Хуавеј П40 про и на македонскиот пазар

Предводникот на серијата П40 (Huawei P40 Pro), објавен пред два дена на глобалниот онлајн настан, ќе биде достапен на корисниците во Македонија од 6-ти април во атрактивен пакет со Watch GT 2 и алатката Huawei VIP Service.

Пакетот почнува со продажба исклучиво на продажните места на Сетек од 6 април до 30 јуни (Македонски Телеком и Нептун кон крајот на месец април) или додека не се потрошат ограничените количини, по препорачана крајна цена од 59,999 денари.

Покрај Watch GT 2, пакетот со кој почнува продажбата на Huawei P40 Pro, вклучува и 50 GB бесплатно складирање за 12 месеци на Huawei Mobile Cloud.

Huawei P40 Pro е исто така дел од програмата Huawei VIP Service, со која компанијата ќе понуди удобна лична помош за непречена транзиција кон користење на новиот смартфон базиран на Android 10, со познатиот интерфејс EMUI 10.1 и доаѓа со сопствената продавница за апликации на компанијата - Huawei AppGallery.

На располагање на потрошувачите е и бесплатната линија за услуги на клиентите - 0800 55 550, како и официјалниот Фејсбук профил.

Пакет од иновации

Huawei P40 Pro доаѓа со 8 GB RAM меморија и 256 GB внатрешно складирање, како и квадратен 6,58-инчен OLED дисплеј, и импресионира со досега невидениот четирикратен фотографски систем развиен заедно со Leica. Таа се заснова на физички најголемиот CMOS сензор во мобилните уреди, кој заедно со многу други иновативни технологии придонесува за незамислив квалитет на фотографии и видеа во какви било услови, дури и во услови на многу слаба осветленост. Врз основа на ултра моќниот чипсет Kirin 990 5G, новиот предводник ја има целата моќност што му е потребна за да може да работи непречено и со најпребирливите апликации, и да користите напредна вештачка интелигенција за да добиете опции како избор на најдобар кадар при брзо снимање на подвижни предмети, отстранување на несакани предмети, случајно влезени во кадарот, приближување на звукот до сликата при снимање видео и многу други. 

И покрај тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп, американската разузнавачка заедница веќе долго време ја смета појавата на пандемии како една од најголемите закани.

повеќе

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе