Пивара Скопје почна да го полни Лашко пиво

Пивото со најдолга традиција и препознатливост на Балканот, Лашко златорог, станува дел од широката палета на пивски брендови на Пивара Скопје.

Лашко е легендарно пиво со повеќе од 190 годишна историја кое потекнува од Словенија. Стартот на полнењето на Лашко во Пивара Скопје се случува по повеќемесечни подготовки и тестирања за да се обезбедат сите гаранции за квалитет и да се зачува автентичноста на пивото.

„Горд сум што како Пивара Скопје сме единствените лиценцирани во Хајнекен групацијата за производство и полнење на Лашко надвор од Словенија. Тоа е уште една значајна потврда за стручноста и големото знаење на нашите пивски мајстори, за високите технолошки стандарди и квалитетот на нашите производи“, вели генералниот директор на Пивара Скопје, Јован Радосављевиќ, нагласувајќи дека со сите досегашни вложувања во производството на пиво, на кои се додавааат и најновите во производството на Лашко, Пивара Скопје ја потврдува својата долгорочна стратегија за натамошен развој на домашната пивска култура, на индустријата, како и на македонската економија во целина.

Лешко е најсилен регионален пивски бренд. Квалитетните и природни состојки од кое се произведува му даваат на пивото специфичен вкус, добра избалансирана горчина и лесна пивливост. Тоа се дел од уникатните карактеристики по кои ова пиво е добро познато и на македонскиот пазар и според кои е прифатено особено од консументите со истенчен вкус кои преферираат пива со долга традиција и докажан квалитет.

„Пивара Скопје има навистина богато пивско портфолио. Покрај Скопско, како пивска икона во Македонија, Хајнекен како најмоќниот глобален пивски бренд, Амстел како едно од најпрепознатливите пива во светот и Горско како едно од најдостапните пива на домашниот пазар, во нашата понуда го додаваме и Лашко, како најсилен регионален бренд, направен според традиционален рецепт и докажан квалитет“, истакнува комерцијалниот директор на Пивара Скопје, Родерик Росенбаум.

Лашко ќе биде лесно достапно до сите консументи во стаклена амбалажа од 0,33л и 0,5л, во лименка од 0,5л. и во пластична амбалажа од 1,5л.

Поимањето на несомнената поддршка на ЕУ е најкомплицирано од перспектива на Република Македонија.

повеќе

Спортскиот амбасадор Лазаров покажа слаб дипломатски имунитет кон политиканството.

повеќе