Пет награди за НЛБ банка Скопје од реномираниот магазин „Фајнанс централ Јуроп“

Магазинот „Фајнанс централ Јуроп“ (Finance Central Europe) ги објави резултатите од годишното рангирање на банките во Југоисточна Европа, а во тие рамки и на македонските банки. Во најновото рангирање на овој реномиран финансиски магазин НЛБ банка е наградена со високи втори и трети места во пет категории и тоа: вкупна актива, големина на капитал, бруто-добивка, поврат на актива и поврат на капитал.

„Наградите и признанијата за нас се важен показател и стимул во секојдневното работење. Експертизата, посветеноста и трудот се мерилата за успехот на НЛБ банка и воедно се гаранција за остварување на позитивни резултати и задоволни клиенти. Среќни сме што секоја година НЛБ банка е дел од ова рангирање и е во друштво на најдобрите од банкарскиот сектор во Југоисточна Европа. Ние сме банка која припаѓа токму овде, во овој регион и наш фокус е да го дадеме најдоброто за да ја одржиме и дополнително да ја унапредиме позицијата на пазарот, излегувајќи секогаш во пресрет на потребите и барањата на клиентите“, изјавија од банката.

„Finance Central Europe“ e реномиран финансиски магазин кој веќе 23-та година по ред ги рангира банките во регионот на Југоисточна Европа според повеќе критериуми. Наградите на овој магазин се доделуваат врз основа на прецизно финансиско рангирање што се темели на професионални пресметки направени од страна на надворешни агенции за оценување и независни консултанти.

НЛБ банка Скопје e една од водечките банкарски институции во Македонија. Таа е членка на НЛБ Групацијата и претставува една од нејзините најголеми и најуспешни банки, со постојан тренд на раст и континуирано позитивни резултати од нејзиното основање, па сѐ до денес.

Комерцијален текст

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе