Парното поскапува од 14,18 до 16,31 проценти, соопшти Бислимоски

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за зголемување на цената на парното во Скопје од 1 август, при што топлинската енергија што ја обезбедува најголемата мрежа во градот (досега БЕГ) поскапува за 14,18 отсто, парното што се обезбедува во  Железара ќе биде поскапо за 15,5 отсто, а во Скопје Север за 16,31 отсто.

Како што информираше претседателот на РЕК, Марко Бислимоски, на денешната прес-конференција, единствена причина за поскапувањето на парното е зголемувањето на цената на природниот гас која што сега е 10 пати поголема од минатиот период. Македонија на оваа цена не може никако да влијае, бидејќи во целост увезува гас.  

Како што соопшти Бислимоски, тоа значи дека кај просечна сметка за топлинска енергија од 1.800 денари, зголемувањето би било 250 денари.

„Цела Европа и регионот имаат сериозни проблеми во енергетскиот сектор заради превисоките цени на енергетските ресурси и намалените количини на природен гас што се увезуваат од Русија. За производство на топлинска енергија користиме увозен природен гас чија цена денес е околу 10 пати повисока од цената во јули 2021 година. Енергетските компании што вршат снабдување со топлинска енергија побараа зголемување на цената и до 78 проценти. Во денешните одлуки зголемувањето на цената за најголемиот број потрошувачи кои се снабдуваат од БЕГ е само 14,18 проценти што се должи на значајната субвенција во цената на топлинската енергија за домаќинствата од страна на Владата“, изјави Бислимоски.

Според него, се предвидува ТЕ-ТО да обезбеди 70 проценти од потребната топлинска енергија, а 30 проценти да се обезбедат од топланите. Доколку ТЕ-ТО не работи и ако нема субвенции од државата, цената на парното би се зголемила за над 100 проценти.

Единствено решение, како што кажа, е да се обезбеди природен гас, со што ќе се обезбеди еколошко греење и најекономично греење во Скопје.

„Доколку не е можно да се увезат потребните количини на природен гас за производство на топлинска енергија во ТЕ-ТО и топланите, тогаш сета потребна топлинска енергија ќе мора да се произведе во топланите со користење на мазут, што е многу неповолно од еколошки аспект, и е ризично заради потенцијалната неможност да се обезбедат потребните количини на мазут“, рече Бислимоски.

Тој апелираше до сите потрошувачи, почнувајќи од институциите на централно и локално ниво, во грејната сезона да ги следат препораките на ЕУ за штедење и намалување на греењето.

„Еден степен намалување на температурата овозможува заштеда на енергенс од околу 5 проценти“рече Бислимоски.

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе