Од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги се извинуваат за техничката грешка и ја информираат јавноста дека цената на парното греење за скопјани останува иста, таа што беше зголемена за 14,05 проценти во однос на цените од минатата година.
Инаку, во соопштението кое што требаше да оди, а беше испратено еден час подоцна, се наведува дека од ноќеска по полноќ се зголемуваат цените на горивата, за 1,5 денари за бензинот и за дизелот, а 1 денар за нафтата за домаќинствата.
Од ноќеска по полноќ цената на бензинот од 98 октани ќе изнесува 86 денари за литар, на бензинот од 95 откани ќе изнесува 84 денари, додека на дизелот цената се зголемува на 75,5 денари по литар.