Падна лото - седумката во Кичево тешка над половина милион евра

Државна лотарија инфомира дека синоќа, во играта на среќа ЛОТО 7, постигната е лото-премија во вредност од 32.921.304 денари, (околу 535.000 евра). Од Лотарија велат дека според податоците од системот, уплатата е извршена на продажното место „Детелинка“, во Кичево. На добитното лото - ливче биле уплатени 5 лото-комбинации, а добитна е петтата комбинација со броевите: 2, 10, 11, 12, 24, 36, и 37.

Последната „седумка“ е 27-ма лото-премија од почеток на приредување на игрите на среќа на Државна лотарија (од 2010 година).

„За 7-ка досега се славеше во: Свети Николе, Неготино, Тетово, Струмица, Кавадарци, Кичево, Куманово, Битола и Скопје. Рекордната премија во вредност од над 41.000.000 денари е постигната на 26 октомври 2021 во Визбегово, Скопје.

Најновата 7-ка е втора во Кичево и повеќе од двојно поголема од првата. Првата, во 2019 г.одина на Зоран Митаноски и неговото семејство им донесе премија од 11.966.712 денари“, се вели во соопштението.

Од Лотарија порачуваат дека ја поздравуваат одлуката на лото-играчите коишто досега јавно го споделија своето искуство – какво е чувството кога ќе се добие 7-ка на ЛОТО 7 и изразуваат верување дека наскоро ќе се запознаеме и со најновиот добитник и дека ќе може да се пренесе среќната приказна на најновиот лото милионер.

Во наредното 96 - коло премијата за 7-ка изнесува 7.000.000 денари.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе