Постигнат договор за откупот на ориз

Откупувачите ќе ја почитуваат откупната цена од 20 денари за килограм за сортата „Сан Андреа“ и 17 за другите сорти

Откупувачите да ја почитуваат откупната цена, а министерот за земјоделство Арјанит Хоџа од следната недела лично ќе ја следи состојбата со откупот на оризот, било договорено на денешната средба на министерот со оризопроизводителите.

Договорено е дека откупувачите ќе ја почитуваат откупната цена од 20 ден/кг за сортата „Сан Андреа" и 17 ден/кг за другите сорти. Скоро сите откупувачи, до МЗШВ имаат доставено ценовник согласно овие цени, со ветување дека нема да одат под договореното. Министерот Хоџа им вети на оризопроизводителите дека од следната недела кога и откупот ќе биде поинтензивен, лично ќе излезе на терен и ќе ја следи состојбата, дали се почитуваат договорените откупни цени, информира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Оттаму соопштуваат дека како дополнителна помош, од Ковид програмата на Владата, се издвојуваат по три денари за оризопроизводителите, а дополнително, во текот на месецов, ќе биде донесена одлуката дали исплатата на овие три денари ќе биде по килограм или по обработлива површина. Овие средства ќе им бидат исплатени до 25 декември годинава.

На средбата се разговарало и за изнаоѓање на нови пазари како што е турскиот, кој минатата година пројави интерес да откупува наш ориз.

„Сите опции се отворени, МЗШВ веќе работи на многу стратегии. Министерот Хоџа изјави дека дијалог и со откупувачите и со производителите, е единствениот начин на кој секогаш ќе ги носиме најдобрите решенија“, се вели во соопштението од МЗШВ.

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе