Оризопроизводителите го блокираа патот Штип - Кочани

Со трактори и друга земјоделска механизација земјоделците од кочанскиот и штипскиот регион кои произведуваат ориз го блокираа магистралниот патен правец Кочани – Штип протестирајќи против ниските откупни цени на арпата и високите трошоци за производство. Тие се лоцирани на пунктови кај селата Облешево, Чифлик, Чешиново и Крупиште. Велат, не отстапуваат од блокадите во следните три дена сѐ додека не седнат со претставници на Владата за решавање на проблемите во оваа сфера.

„Производната цена на килограм арпа е меѓу 35 и 38 денари, а во моментот таа се откупува од 20 до 23 денари. Тоа значи дека немаме средства ниту за основна репродукција за да го почнеме производството, а за покривање на трошоците за живот не станува збор. Најдобар пример за тоа е што со добиениот принос од четири хектари ние можеме да купиме само 25 кубни метри огревно дрво. Во моментот сме на најниско ниво меѓу земјоделците, откако се одгледува ориз кај нас. Светот се соочува со недостиг на храна, а ние имаме над десет илјади тони ориз што може да се извезе, но Владата ја интересира само енергетската криза, иако кризата за храна е поважна и од неа. Затоа ги повикуваме и премиерот и министерот да дојдат за да го слушнат гласот на земјоделците“, истакна Здравко Арсов, земјоделец од Облешево.

Производителите на ориз истакнаа дека минималната отткупна цена не смее да биде под 40 денари за килограм арпа, иако таа ќе биде доволна само да ги подмират основните производствени трошоци.

„Бараме оризот под итно да се стави во мерките за заштита на растенијата, како што се тутунот и грозјето, затоа што со него се манипулира, се увезува, а ние сме оставени сами да се снаоѓаме. Очекуваме на првата седница на Собранието ова барање да биде ставено на дневен ред, во спротивно овие блокади ќе продолжат и понатаму. Сега, кога ќе започне жетвата, Владата да излезе со интервентен откуп на ориз, како што се прави кај другите земјоделски култури, за да можеме да се справиме со оваа економска криза“, истакна Тони Максимов, оризопроизводител од Облешево.

На протест излегоа и земјоделците од Крупиште, Карбинци, Долни Балван и околните села во штипскиот регион, при што за остварување повисоки приноси побараа и поквалитетен семенски материјал.

„Ги поддржуваме напорите на Владата што даде по три денари за предаден килограм арпа како дополнителни субвенции, но даваат пари за субвенции и за семенски материјал, а ние немаме од каде да го купиме. Само десет отсто од овластените трговци нудат семе со документ за квалитет, не можеме да бараме субвенции врз таа основа, а сакаме да добиеме поквалитетен производ“, истакна Ѓорѓи Богдановски, оризопроизводител од Крупиште.

Почнавме со спротивставени мислења околу Законот за работни односи, со кој недела се прогласува за неработен ден. Завршивме на Уставен суд.

повеќе

Да ги споменеме и другите големи глобални предизвици: големите опасности од еколошка катастрофа; зголемувањето на нееднаквоста во нашите општества; и напливот на нови технологии кои можат да го нарушат светот доколку истите не бидат соодветно користени и контролирани.

повеќе

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе