Октомвриската пензија за пезнионерите ќе се исплаќа од 26 октомври

Пензионерите со средствата од октомвриската пензија преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа ќе можат располагаат од 26 октомври, а готовинска исплата на пензии за оние кои не користат платежни картички ќе се врши од 26 до 29 октомври.

„Владата денеска ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец октомври 2021 година, и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 25 октомври 2021 година. Со овие препораки деловните банки ќе обезбедат пензионерите да може да располагаат со октомвриските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 26 октомври 2021 година“, се вели во соопштението од владината прес-служба.

Готовинската исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, банките ја организираат во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата и тоа за пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 26 октомври (вторник), за пензии со висина 11.001-14.000 денари на 27 октомври (среда), за пензии со висина 14.001-18.000 денари на 28 октомври (четврток) и за пензии со висина над 18.001 денари исплата да се изврши на 29 октомври (петок).

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе