Oд утре „Аџибадем Систина“ отвора педијатриски ковид-центар

Петтиот бран на пандемијата со kовид-19 предизвикан од омикрон-сојот, кој се карактеризира со голема инфективност и многу лесна преносливост, доведе до зголемување на бројот на позитивни и болни деца и адолесценти. За таа цел Клиничката болница „Аџибадем Систина“ од утре, петок, 28 јануари, отвора комплетно нов педијатриски ковид-центар.

Новиот ковид-центар за деца има посебен влез и е целосно изолиран и одделен од другите оддели на болницата со цел да се обезбеди максимална заштита за најмалите пациенти. На овој оддел ќе се третираат деца на возраст до 16 години, а располага со педијатриска ковид-амбуланта, дневна болница и дел наменет за хоспитализација, каде што децата може да бидат хоспитализирани заедно со придружба. Во дневната болница кај децата ќе се изведуваат потребните дијагностички постапки, ќе се дава соодветна терапија, ќе се мониторираат и следат сè до стабилизација на нивната здравствена состојба или ќе се преземат мерки за нивна хоспитализација.

Со петтиот бран на пандeмијата со ковид предизвикан од омикрон-сојот се наметна потребата од обезбедување здравствена грижа на децата кои се ковид-позитивни во нашата установа, со посебно издвоен простор надвор од останатиот дел на болничките капацитети. Педијатрискиот ковид-центар ќе има можност за амбулантски прегледи, правење на сите потребни иследувања и по потреба третман во дневна болница. За потешките случаи, пак, ќе има можност и за хоспитализација во дел од нашиот ковид- центар, во изолирани болнички соби, во кои детето ќе може да престојува заедно со родител/придружба. Грижата и третманот на децата со ковид ќе биде спроведуван од страна на искусни педијатри пулмолози, инфектолози, анестезиолози и професионалци од други специјалности кои се на располагање на нашата болница“ – изјави прим. д-р Душко Фидановски – шеф на Одделот за педијатрија.

Во зависност од здравствената состојба и компликации кај децата, за здравјето на најмалите пациенти на располагање е целиот експертски мултидициплинарен тим на специјалисти од болницата.

Педијатрискиот ковид-центар ќе работи од 9 до 16 часот секој работен ден, а за време на викендите дежурниот тим ќе биде на повик. Закажувањето термин ќе се одвива на телефонскиот број 02 30 99 500.

 

 

 

 

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе