Прогресивното оданочување останува отворено прашање

Од данокот на добивка и на личен доход државата планира да собере 54 милиони евра

Прашањето за прогресивното оданочување останува отворено исто како и за придонесите за оние што работат со договор на дело и за нив ќе се докутира во наредниот период меѓу претставници на Владата, бизнис заедницата и академската јавност, најави министерот за финансии Фатмир Бесими.

„Има разни модели во однос на правичното оданочување и веројатно Законот за данок на личен доход ќе претрпи промени“, рече Бесими на денешниот брифинг со новинарите и информираше дека во октомври ќе излезат со заклучоци од дебатата.

Даночната реформа, според него, ќе се спроведува етапно и на почетокот е планирано тоа да се реализира во делот на данокот на добивка, данокот на личен доход и данокот на додадена вредност. Од данокот на добивка и на личен доход се очекува во буџетот да се слеат 54 милиони евра. Она што како предлог решение стои во даночната реформа е да се оданочуваат каматите на депозитите за 10 проценти, да се укине даночното ослободување по основ на реинвестирана добивка и да се плаќа здравствено и пензиско осигурување за хонорарците.

„Ако на пример имам 100 илјади денари во банка со два проценти годишна камата, тоа значи имам добивка две илјади денари годишно. И сега би платил 10 проценти данок, значи 200 денари годишно, кон државата“, појасни Бесими.

Бесими вели дека целта е да се создаде оптимален даночен систем и да има правично оданочување кое ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на граѓаните. Според него, станува збор за реформа на која е работено долго време и за која се направени длабински реформи.

 

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе