Од август ќе се вози по новата делница од Требениште до Охрид, вели Бочварски

Министерот Бочварски заедно со заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи и директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми, денеска извршија увид во градежните активности на Поделница 5 од автопатот Кичево – Охрид, кај населеното место Горенци.

Автопатската делница од Кичево до Охрид е врвен приоритет и не прифаќам никакво пролонгирање, нема повеќе калкулации и рокот мора да биде испочитуван, истакна министерот Бочварски.

Тој информираше дека изградбата се одвива со силно темпо. Моментално на терен работат повеќе од 700 работници, со преку 280 градежни машини, а вкупниот прогрес на автопатот до овој момент изнесува 70 проценти.

„Од состојба која ја наследивме, која беше катастрофална, денеска имаме јасна слика. Автопатот остана приоритет и сега се одвиваат асфалтерски работи што се завршни работи во изградбата. Денеска ќе се вградат 320 тони асфалт прв слој, а веќе од утре се засилуваат асфалтерските работи каде ќе се вградуваат и по 900 тони асфалт дневно. Како што не информира Надзорот, очекуваме десната лента од Требениште кон Охрид да биде комплетно завршена и пуштена за сообраќај на почетокот на месец август, додека левата лента ќе биде завршена и пуштена во сообраќај до крај на оваа година," изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Комплетно е завршено препроектирањето на 25% од трасата, инфраструктурните проекти се одобрени од Министерството за транспорт и врски и компаниите имаат чист терен за работа. Градежната механизација е распоредена на секоја позиција од Кичево до Охрид, додаде министерот Бочварски.

Директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми, истакна дека покрај овие 57 километри автопат се градат и уште дополнителни 30 километри пристапни патишта.

„На денешниот увид со министерот Бочварски констатиравме дека 95% од трасата на автопатот Кичево – Охрид е пробиена. Се сретнавме со изведувачот, динамиката на изградба тече со силно темпо. Се работи на изградбата на голем број вијадукти, на неколку клучки, паралелно и на алтернативните и пристапни патишта, а исто така активно се работи и на тунелот чиј прогрес во овој момент изнесува 95%," изјави директорот Рустеми.

Вредноста на изградбата на овој автопат е 598 милиони евра, според рокот предвиден до Договорот со изведувачот, тој треба да се заврши до декември 2023 година.

Оваа автопатска делница е дел од Коридорот 8, стратешки коридор за кој што Владата е силно посветена на неговата доизградба и модернизација.

Кој кого „мафлосува“, тие нас или ние нив. Чекор напред, три назад, како раковите во Охридското Езеро од моето детство кои исчезнаа во налетот на технолошкиот напредок и уништувањето на животната средина.

повеќе

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе